Kонгресменот од демократската партија од Мисисипи, Бени Томпсон, поднесе тужба против поранешниот претседател Доналд Трамп и неговиот адвокат Руди Џулијани, обвинувајќи ги за насилството и нередите во Капитолот на 6 јануари.

Томпсон го предводи Одборот за внатрешна безбедност при Претставничкиот дом. Тужбата е поднесена во федералниот окружен суд во Вашингтон.

Нередите се резултат на внимателно испланиран план од страна на Трамп, Џулијани и екстремистичките групи како „Заштитници на заклетвата“ (Oath Keepers) и „Горди момчиња“ (Proud Boys), кои се раководеа од една цел – стопирање на сертификацијата на резултатите од гласањето на Изборниот колеџ со заплашување, притисок и закани – се вели во изјавата на правниците.

Тужбата на Томпсон е првата од повеќе очекувани приватни судски тужби од останати конгресмени поради насилниот упад во Конгресот на САД на стотина демонстранти, поддржувачи на тогашниот претседател Трамп, што се случи на 6 јануари.

Во тужбата, не се наведени конкретни казнени мерки и не е наведена конкретна сума за исплата на отштета.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.