Традиционален концерт со јодлање е причината за масовен пораст на бројот на новозаразени со корона вирус во Швајцарија.

На настанот што се одржа кон крајот на минатиот месец во кантонот Швиц, присуствуваа околу 600 луѓе од кои било побарано да се држат на растојание, но без задолжително носење на заштитни маски.

Девет дена по концертот, дознавме дека неколку лица се заразени – изјави организаторот Бит Хегнер за швајцарскиот јавен сервис РТС.

Во средата беше утврдено дека 94 лица кои биле на концертот биле позитивни на вирусот. Кантонот Швиц е едно од жариштата на Kовид-19 со повеќе од 1.230 заразени.

Јодлањето е дел од швајцарската традиција, кој е вообичаен дел од идентитетот на културно различните региони на Швајцарија уште од 19 век.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.