Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 768.303 лицa заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 36.010, а оздравеле 160.150 луѓе.

Црна Гора – Донесена привремена мерка за заштита на граѓаните – забрана за напшуштање на домовите од 19 до 05 часот. Во викендите од 13 до 05 наутро.

Лондон – Компанијата Џонсон/Џонсон планира тест на експериментална вакцина против Ковид-19 на луѓе до септември и примена од почетокот на 2021 година.

БиХ – Сите лица кои не ги почитуваат новите наредби за самоизолација ќе бидат во – принудна изолација.

Хрватска – Се затвораат постојаните гранични премини за меѓународен поморски сообраќај и се одложува отворањето на сезонските гранични премини.

Британија – Бројот на починати од Ковид-19 денеска се зголеми за 180, вкупниот број жртви сега е 1.408. Досега се регистрирани 22.141 случај на заразени.

Германија – Тестот за кронавирусот за канцеларката Ангела Меркел повторно е негативен, но таа останува да работи од дома.

Шпанија – Шпанската армија спроведува операција за дезинфекција од коронавирусот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.