Лиз Трас неодамна беше официјално назначена за нов премиер на Велика Британија, по оставката на Борис Џонсон. Трас го победи поранешниот министер за финансии Риши Сунак со 81.326 гласа против 60.399 на изборите за лидер на Конзервативната партија, што ја прави третата жена што ја извршува функцијата премиер на Велика Британија, по Маргарет Тачер и Тереза Меј.

Во однос на ова прашање беше направено истражување за тоа каква е состојбата со учеството на жените во политиката низ Европа. Според најновите податоци на Интерпарламентарната унија (ИПУ), европскиот просек за уделот на жените во соодветниот Долен дом или националниот парламент на секоја земја достигна 31,3 отсто во август оваа година. Скандинавските земји имаат висок процент на учество (44,7 отсто), а веднаш потоа следува Шпанија со 43 отсто. Жените во политиката се најзастапени во Исланд со 47,6 отсто, а најмалку во Унгарија со 14,1 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.