Кокаинот станува сѐ почист и поевтин, покажуваат најновите студии, а само во британскиот главен град се трошат околу 23 килограми првокласен кокаин со улична вредност од 2,75 милиони фунти.

Од 15 градови во кои се консумира најмногу кокаин по глава на жител, дури пет се во Швајцарија – Цирих, Сен Гален, Женева, Базел и Берн.

Анализата на потрошувачка на кокаин по глава на жител покажала дека најмногу ваква дрога се користи во Бристол, па потоа во Амстердам и Лондон. Ако се следи вкупната просечна „потрошувачка“, најмногу кокаин се троши во Лондон што е и очекувано со оглед на тоа што британската престолнина има над 8 милиони жители.

Се проценува дека дневно во Лондон се троши кокаин вреден 2,75 милиони фунти, а годишно се трошат осум тони, односно вртоглави милијарда фунти. По вкупната дневна потрошувачк, после Лондон следува Барселона со 12,74 килограми, Амстердам и Берлин со по 4,62 килограми.

Доктор Леон Барон, форензичар на Кингс колеџот во Лондон објаснува дека истражувачите откриле дека потрошувачката на кокаин во градот е изедначена во текот на работната недела, а опаѓа во текот на викендите.

Тоа е спротивност во однос на другите градови каде во текот на викендот се забележува многу изразена рекреативна употреба на кокаин. Ова значи дека кокаинот е секојдневна, вообичаена дрога во Лондон“, изјави доктор Леон Барон.

Со оглед на тоа што побарувачката е огромна, расте конкуренцијата, а со тоа и опаѓа цената на кокаинот. Во последните неколку години цената на грам кокаин во Лондон чини околу 40 фунти, а чистотата на дрогата се зголемувала на 30% и 40%, за разлика од пред десетина години кога тој процент се движел од 3% до 5%.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.