Германската демохристијанка Урсула фон дер Лајен, која Европскиот совет ја предложи за функцијата претседател на Европската комисија, е политичарка со богато искуство на чело на неколку германски министерства, а и е родена во политичко семејство: нејзиниот татко бил познатиот политичар Ернст Албрехт.

Урсула Гертруд фон дер Лејене е родена во 1958 година во Брисел, каде што нејзиниот татко, а подоцна премиер на сојузната покраина Долна Саксонија Ернст Албрехт, имал висока функција во Европската економска заедница и Европската заедница, претходници на Европската Унија.

Студирала на престижната школа за економија во Лондон, а во Германија студирала медицина, по што докторирала и специјализирала гинекологија.

Урсула Албрехт е мажена за лекар кој е потомок на познато семејство на текстилни индустријалци, Хајка фон дер Лејен, со кој има седум деца.

Фон ден Лејен важи за блиска соработничка на Ангела Меркел и голем поддржувач на нејзината политика за бегалците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.