Петмина Македонци и еден Бугарин се уапсени во Северна Италија поради фалсификување на документи и потикнување нелегална миграција, во акцијата „Сонце“, информираат италијанските медиуми.

Станува збор за семејство од градот Алба, кое ангажирало сезонски работници од Македонија за работа на лозови насади, на кои им фалсификувале бугaрски лични карти, но им ги задржувале нивните пасоши и им исплаќале помалку од половина од дневниците кои реално требало да ги земат.

Приведени се Борче Ѓеоргиев (43), сопственик на фирмата „Бобимак“, како и неговата мајка М.Ѓ.(61) и сопругата С.Н.(43), како и Драган Ристов (25), Сашко Петров (43) и Г.Г.(39), професионален возач од Бугарија. На сите шестмина им е одреден притвор. За криминалот се осомничени уште тројца Италијанци и еден Македонец, но тие се товарат за помагање и не се притворени.

Како што соопштија од италијанската полиција, операцијата „Сонце“ почнала во јуни лани и завршила во саботата, а во неа учествувале педесетина карабиниери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.