Американскиот Стејт департмент распиша награда од три милиони долари за информација која ќе доведе до апсење на Мухамад Хадор Муса Рамадан, или познат како Абу Бакр ал-Гариброден во Јордан.

Тој е еден од лидерите на терористичката организација „Исламска држава“ и нејзин главен пропагандист, се вели во потерницата.

Како што се истакнува, Мухамад Рамадан раководи со медиумските операции на ИД и игра „клучна улога во пропагандните активности на ИД за радикализација, врбување и подбуцнување на одредени лица низ целиот свет“.

-Тој раководи со планирање, координација и производство на многубројни пропагандни видеo сoдржини, објави и онлајн платформи каде со брутални и сурови сцени на измачување и масовни егезекуција на невини цивили“, се вели во соопштението на Стејт департментот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.