Американскиот претседател Џо Бајден погрешно го изговори презимето на неговиот руски колега Владимир Путин, додека зборуваше за политиката на Вашингтон кон Москва и го нарече „Клутин“.

Исто така, го информирав претседателот Клутин ….. Путин, дека САД се непоколебливи во поддршката на нашите сојузници и партнери во Европа – изјави Бајден.

Освен со името на Путин, Бајден имаше проблеми и со изговорот на зборот ескалација.

Соединетите држави не се обидуваат да влезат во вакци…. – круг на ескалација и конфликт со Русија. Ние сакаме стабилна, предвидлива врска – додаде Бајден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.