Актуелниот градоначалник на Киев и легендарен поранешен боксер, Виталиј Кличко со своите колеги од локалната политичка сцена вежба одбрана од евентуална руска агресија, пишува германскиот весник „Билд“.

На воен полигон, Кличко вежбаше како да се одбрани од руски тенкови.

Уверен сум дека треба да бидеме добро подготвени во случај на потреба од бранење на нашиот град, граѓаните и државата – истакна Кличко, истакнувајќи се одговоирен за безбедноста на луѓето.

Кличко најави дека таквите вежби во иднина ќе се одржуваат редовно.

Како што истакна, неговата порака за рускиот претседател Владимир Путин е дека „без борба нема да ја освои неговата земја“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.