Ќерката на американскиот претседател во заминување, Доналд Трамп, Иванка Трамп планира да дојде на инаугурацијата на Џо Бајден и се претпоставува дека тоа го прави за да ја спаси својата политичка кариера.

Иванка Трамп е убедена дека одејќи на церемонијата на прогласување на новиот претседател Бајден, таа ќе одаде имиџ на некој што добро го поднесува поразот и дека ќе добие идни симпатизери – информира извор од Белата Куќа за „Дејли мејл“.

Трамп неодамна објави дека нема да се појави на инаугурацијата на новиот претседател Џо Бајден, што треба да се одржи на 20 јануари, а според „Дејли мејл“, тој протестирал против одлуката на неговата ќерка.

Тој смета дека е навреда што Иванка сака да има контакт со измамници кои се обидуваат да го симнат од власт – изјавил упатен извор кој наводно бил информиран за настаните во Белата куќа и додал дека Трамп е изричен во тоа дека семејството мора да биде обединето.

Претседателот на САД и порачал на Иванка дека присуството на инаугурацијата ќе ја чини илјадници гласови и истакна дека тоа ќе биде најголемата грешка што некогаш би можела да ја направи.

Неименуваниот соговорник додава дека Иванка сака да присуствува на инаугурацијата затоа што сака да биде гласот на нејзиниот татко и дека смета оти тоа им го должат на луѓето.

Од друга страна, друг упатен од Белата куќа негира дека Иванка има намера да дојде на церемонијата на прогласување на новиот претседател на САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.