Доколку Иран изврши напад врз САД или Американците, Вашингтон ќе одговори „многу брзо и многу сулно“ врз 52 цели, порача американскиот претседател Доналд Трамп.

Изјавата на Трамп доаѓа додека Ирак во саботата ноќта се претвора во терен на отворен американско-ирански судир, а светските челници ги вложуваат напорите да спречат отворена војна која ќе го запали и онака нестабилниот регион на Блискиот исток.

Претходно командатот на иранскиот Корпус на чуварите на исламската револуција (Револуционерна гарда – IRGС), генералот Хосеин Саламо изјави дека убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани во Багдад во американски воздушен напад претставува крај на присуството на САД во регионот на Блискиот исток, пренесе новинската агенција ИРНА.

Салами предупредува дека Револуционерната гарда сигурно ќе се одмазди за убиството на Сулејмани, но засега не ги открува времето и обемот во кој тоа би било изведено, Тој, исто така, истакнува дека САД секогаш претрпувале порази поради сопствените грешки. Салами притоа вели дека секој кој ќе застане на страната на Вашингтон ќе се смета за непријaтел на целиот муслимански свет.

Ова нека биде предупредување. Доколку Иран ги нападен Американците или американските цели, тогаш ние веќе имаме целени 52 ирански објекти (кои ги претставуваат 52-та американски заложници во Техеран пред повеќе децении). Некои од нив се многу значајни и важни за Иран и иранската култура. Ударите ќе бидат нанесени по тие цели, како и на самиот Иран, многу брзо и многу силно. САД повеќе не сакаат никакви закани! – напиша на Твитер американскиот претседател.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.