Кина блокира, американските тајни служби тапкаат во мрак. Група меѓународни научници бара поголем ангажман во потрагата по изворот на корона пандемијата, пишува „Дојче веле“.

Пандемијата која до сега зеде повеќе од четири милиони жртви во светот, кон крајот на 2019 започна во кинескиот град Вухан. Брзо почнаа да се шират шпекулации дека вирусот се ослободил при несреќа во Институтот за вирологија во Вухан, каде меѓу другото се истражуваат и коронавируси. Кинеската влада енергично ги демантира таквите наводи. Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, беше голем поддржувач на таквата хипотеза. Критичарите пак забележуваа дека со тоа главно сака да го одвлече вниманието од сопствените пропусти во пандемијата. Но, во изминатите месеци дебатата за потеклото на вирусот повторно се разгоре. Кога Бајден го нарача сега веќе готовото истражување, рече дека различните тајни служби имаат различни ставови во однос на ова прашање.

Целиот текст овде.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.