Во познатата црква Нотр Дам во Париз, вчера почна потфатот за подготовките за обновување и реставрација на симфониските оргули, кои меѓу другото, беа оштетени во пожарот од април минатата година.

Оргулите не биле зафатени со пламенот и претрпеле релативно мало оштетување од вода за време на гаснењето на пожарот. Инструментот притоа бил покриен и со доста прашина, а некои делови биле оштетени како резултат на екстремно високите температури во катедралата за време на пожарот.

Се очекува чистењето и обновата на скапоцениот инструмент да трае до 2024 година, а само расклопувањето на 8.000 цевки и други делови може да трае до крајот на годинава.

Реставрацијата на оргулите ќе биде еден вид „градилиште во градилиштето“… Овој процес е исклучително важен за севкупната обнова на катедралата, рече одговорниот стручњак за реконструкција на Нотр Дам, Жан-Луј Жоржелин.

Според него, инструментот би можел да биде подготвен за петгодишнината од пожарот, за кога и францускиот претседател Емануел Макрон вети дека ќе бидат завршени сите зафати околу обновата на Нотр Дам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.