Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кому од јануари му е забранет пристап до „Твитер“, за три месеци ќе се врати на социјалните мрежи со своја платформа.

Мислам дека ќе го видиме претседателот Трамп повторно на социјалните мрежи за веројатно два до три месеци, со своја платформа – изјави за „Фокс њуз“ неговиот советник Џејсон Милерно, кој не даде други детали за таа нова платформа.

Милер изјави дека платформата ќе биде голема и оти би требало да привлече милиони корисници.

„Твитер“, кој беше главната комуникациска алатка на Трамп за време на неговите претседателски денови, во јануари трајно го укина неговиот профил со 88 милиони следбеници. Неговата страна беше укината поради повеќекратно прекршување на правилата за насилство, како и поради немирите на неговите приврзаници во Капитол Хил.

На Трамп привремено или трајно му е забранет пристап и до други платформи и социјални мрежи како што се Фејсбук, Инстаграм, Јутјуб и Снепчат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.