Во ракетен напад извршен синоќа со помош на беспилотни летала на меѓународниот аеродром во Багдад беше убиен иранскиот генерал Касим Сулејмани.

Мајкл Морел, поранешен заменик директор и привремен директор на американската разузнавачка агенција ЦИА за американската мрежа Си-би-ес зборуваше за можните последици на убиството на Сулејмани.

Тој предвиде дека ќе има убиства на американски цивили.

Сулејмани беше гениј кој имаше многу американска крв на своите раце. Светот без него е подобро место, но проблемот е што за тоа ќе биде платена висока цена. Како прво, ќе има мртви Американци, мртви цивили Американци. Можно е тоа да се случи во следните денови во местата каде што Иран има помошници. Најверојатно во Ирак, но и во Либан, Бахреин и на други места на Блискиот Исток“, кажа тој за „Си-би-ес“.

Тој предвиде и терористички напад со цел да биде убиен еден американски функционер, и дека тој може да се случи каде било, па дури и на американско тло.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.