Активистката за права на мигрантите, Валентина Чупик, соопшти дека е уапсена на московскиот аеродром, откако руската безбедносна служба и го укина статусот на бегалец.

Се наоѓам на аеродромот Шереметјево, во специјален центар за притвор. Се плашам дека ќе ме депортираат во Узбекистан – изјави Чупик за западни медиуми, напоменувајќи дека нејзината депортација се очекува во рок од 24 часа.

Руската безбедносна служба, ФСБ на Чупик и го одзеде статусот на бегалец, што го имаше од 2009 година како државјанка на Узбекистан, а во Русија престојува веќе 30 години.

Активистката за човекови права целосно се пресели во Русија од Узбекистан во 2005 година и раководи со организација со седиште во Москва, која обезбедува бесплатна правна помош за мигрантите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.