Вкупно 144 нови случаи на ковид-19 се пријавени во Кина во четвртокот, што е најголем број нови дневни случаи на Ковид-19 во последните 10 месеци, соопштија официјални лица.

Поради тешката епидемиолошка состојба на североистокот на земјата, повеќе од 28 милиони луѓе се во карантин.

Државната комисија соопшти дека има 135 нови случаи на локални инфекции, од кои 90 се во провинцијата Хубеи во близина на Пекинг, која беше најтешко погодена во последниот бран.

Други 43 случаи се пријавени во североисточната провинција Хеилонгјанг, а провинциите Гуангкси и Шанкси пријавиле по еден нов потврден случај.

Вкупниот број на потврдени случаи на ковид-19 во Кина сега е 87.988, додека бројот на смртни случаи е непроменет – 4.635.

Новиот бран на Ковид-19 доаѓа во моментот кога тим од истражувачи на Светската здравствена организација (СЗО) пристигнува во Кина за да го утврди потеклото на пандемијата во која досега загинаа скоро два милиони луѓе ширум светот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.