Десетици кинески туристи се протерани од Москва затоа што не го почитувале режимот на изолација, а неколку стотици се казнети, изјави градоначалникот Сергеј Собјанин. Казнети се неколку стотици, а протерани се неколку десетици кинески туристи, но тоа беше доволно за сите да сфатат дека нема шега и дека сите треба да бидат во изолација“, рече градоначалникот на Москва, Собјанин.

Тој истакна дека е донесена одлука за „инспекции во превозот на кинеските државјани“.

Почнавме просто генерално да ги проверуваме сите што го користат јавниот превоз. Тоа, се разбира, предизвика негативна реакција, додаде градоначалникот.

Заменик-градоначалничката на Москва за социјален развој, Анастасија Ракова, во февруари изјави дека 88 странци биле депортирани од Москва поради кршење на режимот на изолација поради коронавирусот.

Со цел да се спречи ширењето на коронавирусот во Москва, на 30 март по одлука на градоначалникот Сергеј Собјанин стапи во сила режим на сеопшта самоизолација, без оглед на возраста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.