Кина забрани влез за патници што доаѓаат од Велика Британија и Белгија и постави услови за тестирање на луѓето од САД, Франција и Германија, како одговор на зголемениот број случаи на Ковид-19 ширум светот.

Тестовите за корона вирус мора да се направат најдоцна 48 часа пред да влезат на територија на Кина. Доколку патникот прави транзитно застанување на пат кон Кина, мора да направи тест и во земјата на транзит или во регионот.

Слични барања од 8 ноември се воведени и за патници од земји како Австралија, Сингапур и Јапонија.

Претходно, на 28 септември Кина дозволи влез за сите странци со валидни документи, откако во март воведе ограничувања.

Во Кина во последните 24 часа се потврдени 28 нови случаи на корона вирус, што е зголемување во споредба со претходниот ден кога имаше 17.

Како што објави Националната здравствена комисија, од вкупниот број нови случаи, 20 биле увезени.

Има и 24 асимптоматски случаи кои не се вклучени во официјалната статистика.

Од почетокот на епидемијата, во Кина се регистрирани 86.115 случаи на корона вирус, а починале 4.634 лица.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.