Кинескиот министер за наука и технологија Ванг Џиганг соопшти дека земјата во моментов спроведува клинички испитувања на 11 вакцини против Ковид-19 и додаде дека четири од тие вакцини веќе влегле во третата фаза на тестирање.

На здравствент форум во Пекинг, Ванг оцени дека епидемијата сè уште се шири низ целиот свет и дека не е целосно под контрола, како и дека може да има ново зголемување на случаите во есен и зима.

Ванг додава дека Кина и доставила навремени информации за корона вирусот на Светската здравствена организација, што обезбедило важна основа за истражувачите ширум светот да спроведуваат медицински студии и да развиваат фармацевтски производи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.