Кина одлучи да воведе санкции за неколку американски компании поради нивната улога во продажба на оружје на Тајван.

Денес, портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи објави дека се воведуваат санкции и дека меѓу компаниите се и Локид Мартин, Боинг и Рејтион.

Минатата недела официјален Вашингтон одобри продажба на оружје во вредност од 1,8 милијарди долари на Тајван, и покрај предупредувањата на владата од Пекинг дека тоа ќе им нанесе голема штета на односите меѓу двете економски најмоќни земји во светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.