Кинески авиони и бродови утринава спроведоа вежби за симулација на напад врз главниот остров во Тајван, јави тајванското Министерство за одбрана, а пренесуваат британските медиуми.

Министерството соопшти дека неколку групи кинески авиони биле откриени во Тајванскиот теснец и дека некои ја преминале централната линија.

Во соопштението се додава дека војската на Тајван издала предупредување и ги ставила во состојба на готовност патролните сили за воздушно извидување, поморските бродови и проектили за да се справи со ситуацијата, а доцна синоќа истрелало проектили за да предупреди седум беспилотни летала кои леталет над тајванските острови Кинмен и неидентификувани авиони кои летале над островот Мацу.

Министерството соопшти дека војниците се во состојба на готовност во двете области, кои се наоѓаат недалеку од брегот на континентална Кина, пренесуваат британските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.