Кинеското Министерство за надворешна трговија и економска соработка во четвртокот соопшти дека Кина и Европската унија следната недела ќе одржат разговори во врска со договорот за инвестиции.

Министерството додаде дека двете страни ќе се фокусираат на преостанатиот текст на договорот и прашањата во врска со пристапот до пазарот со цел потпишување на договорот што е можно поскоро.

По самитот преку Интернет со кинескиот претседател, Си Џинпинг претходно оваа недела, лидерите на ЕУ изразија оптимизам за постигнување договор за олеснување на пристапот на европските инвеститори на кинеските пазари.

Кинескиот претседател тогаш изјави дека разговорите треба да бидат „забрзани“ за преговорите да можат да завршат до крајот на декември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.