Кина се бори со најголемата епидемија на Ковид-19 од почетокот на првиот бран на инфекција во Вухан во 2019 година.

19 кинески провинции пријавиле случаи на коронавирус од средината на октомври, соопшти Националната здравствена комисија.

Националната здравствена комисија во текот на вчерашниот ден објави 93 нови инфекции, што е најголем дневен број на инфекции во последните три месеци. Од почетокот на новиот бран ширум земјата се пријавени околу 500 случаи.

Овие бројки можеби не изгледаат големи во споредба со оние регистрирани во западните земји – каде што некои пријавуваат десетици илјади случаи на ден, но тие се големи бројки за Кина, која се држи до стратегијата „нулта ковид“, пишува Си-Ен-Ен.

Новиот бран на инфекции започна на 16 октомври кога беа откриени инфекции меѓу туристичка група целосно вакцинирани постари граѓани од Шангај кои патувале во северна Кина. Бројот на нови случаи оттогаш рапидно порасна и вирусот се прошири во северните провинции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.