Малите деца од тригодишна возраст и повеќе во Кина ќе почнат да ја примаат вакцината против Ковид-19, каде 76 отсто од населението е целосно вакцинирано, а властите применуваат политика на нулта толеранција кон жариштата на инфекција.

Така, Кина ќе стане една од ретките земји во светот што почнаа да вакцинираат толку мали деца против вирусот. Куба е една од земјите кои почнаа да ги вакцинираат децата од двегодишна возраст.

Во последните неколку дена, локалните градски и провинциски власти во најмалку пет кинески провинции објавија упатства во кои се наведува дека вакцинацијата против Ковид-19 ќе биде задолжителна за деца на возраст од три до 11 години.

САД и многу европски земји дозволуваат употреба на вакцини кај деца на возраст од 12 години, иако САД забрзано се движат кон одобрување вакцини за деца на возраст од пет до 11 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.