Кина почна да употребува анални стапчиња за тестирање на лицата за кои смета дека се високо-ризични за зараза со Ковид-19. Лекарите велат дека процедурата е поефективна, а ова инвазивна процедура досега е применета на жителите на населби во Пекинг каде што се јавиле потврдени случаи на Ковид-19 минатата недела, како и во некои објекти за карантин.

Во последните недели во повеќе градови во северна Кина се појавија локализирани појави на инфекции и тие, во најголем дел се сместени во карантин, при што се спроведени масовни кампањи на тестирање.

Досега тестовите беа спроведувани со класичниот метод на земање брис од грло и нос, но методот на земање анален брис „може да ја зголеми стапката на откривање на заразени лица“, затоа што остатоците од вирусот остануваат подолго во анусот одошто во респираторниот тракт – вели за кинеската државна телевизија Ли Тонзенг, доктор во болницата Ју’ан во Пекинг.

Кинеската телевизија соопшти дека аналните стапчиња нема да имаат широка примена како другите методи, поради „нелагодноста“ на техниката.

Растот на заразата ширум светот ја натера Кина да воведе построги ограничувања за меѓународните патници во обид да ја држи домашната трансмисија на пониско ниво.

Сите кои пристигнуваат во земјата мора да имаат повеќекратни негативни тестови и да останат во карантин во хотел најмалку 14 дена, а во некои градови и региони и подолго.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.