Уништувачот на морнарици на САД „УСС Мастин“ кој плови во тајванскиот теснец е „исклучително опасно“, се вели во соопштението на Источната команда на Ослободителната војска на Кина, во изјава во средата, додавајќи дека кинеската војска продолжува будно да ја следи ситуацијата за да го заштити суверенитетот на земјата.

Било кои зборови или дела што предизвикуваат проблеми во тајванскиот теснец не се во согласност со фундаменталните интереси на Кина и САД. Штетат на благосостојбата на сонародниците од обете страни на теснецот, претставуваат вистински закани за мирот и стабилноста во регион и се исклучително опасни, се вели во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.