Кинеската Влада одобри почеток на клинички тестирања за уште 16 вакцини против корона вирусот, а шест од нив веќе ја поминале третата фаза.

Кина веќе има две вакцини, а околу 40 милиони граѓани веќе примиле вакцина.

Кина веќе испорача и 440 милиони дози во најмалку 27 држави, а најави дека ќе обезбеди 10 милиони вакцини против Ковид-19 за глобалната инцијатива за дистрибуција на вакцините КОВАКС.

Светска здравствена организација (СЗО) најрано во март би можела да донесе одлука за одобрување на вакцините на „Синофарм„ и на „Синовак“.

Бразил, Индонезија, Турција и Обединети Арапски Емирати веќе ги одобрија вакцините на „Синофарм“ и на „Синовак“.

Вакцината, пак, на „КанСино Биолоџиг“ веќе е одобрена за употреба во кинеската армија.

Ниту една од трите компании не објави податоци за ефикасноста на своите вакцини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.