Кинеската фармацевтска компанија „Национал биотек груп“ (ЦНБГ) доби дозвола од надлежните институции да почне со тестирање на својата вакцина врз луѓе.

Во извештајот на „Ројтерс“ се наведува дека за производство на вакцина од типот ЦНБГ не се потребни производствени капацитети со висок степен на биолошка заштита, што значи дека оваа вакцина би била поедноставна за масовно производство.

Повеќе од десет вакцини на кинески научници се номинирани за различни нивоа на клинички испитувања, а неодамна вакцината доби и „зелено светло“ во Институтот за микробиологија на Кинеската академија на науките.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.