Доминик Двајер, членот на тимот на СЗО кој го испитуваше потекото на корона вирусот во Вухан, соопшти дека Кина одбила да ги отстапи на СЗО необработените податоци од почетокот на пандемијата.

Двајер истакна дека тимот на СЗО ги барал необработените податци на 174 пациенти, кои меѓу и првите коишто се заразиле со Ковид-19 во Вухан во декември 2019 година, но ги добиле само заклучоците.

Австралискиот имунолог истакна дека податоците кои СЗО ги барала се анонимни, но оти содржат детали како прашања и одговори од пациентите, како и нивна анализа.

Тоа е стандардна пракса кога се почнува истрага за зараза – посочи Двајер по враќањето во Сиднеј.

Тој додаде дека пристапот до таквите податоци е од големо значење, затоа што се само половина од 174 случаи поврзани со пазарот Хуанан во Вухан, каде што првпат беше откриен Ковид-19.

Затоа инсистиравме на тие податоци, а зошто не ги добивме, не би коментирал. Можно е да поради политички причини… Дали постојат некои други причини зошто податоците не се дадени, не знам. Можеме само да шпекулираме – наведува Двајер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.