Министерството за надворешни работи на Кина денеска соопшти дека не планира да се меша во внатрешните работи на САД, откако американскиот претседател Доналд Трамп му сугерираше на Пекинг да го истражи Џо Бајден и неговиот син, изјави портпаролот на кинеското МНР, Генг Шуанг.

Трамп минатата недела побара од Кина да го истражи неговиот политички ривал од демократите Бајден и неговиот син Хантер, истакнувајќи дека тоа што се случило во Кина е исто толку лошо како тоа што се случи во Украина.

Трамп и неговиот адвокат Руди Џулијани го обвинија поранешниот потпретседател Бајден дека на неправилен начин помагал му помагал на неговиот син во деловните активности во Украина и во Кина, но без да дадат докази.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.