Кинескиот специјален пратеник за климатски промени, Ксие Женхуа, на овогодинешниот Светски економски форум во Давос, објави дека Кина ќе засади 70 милијарди садници дрвја во следната деценија.

Како што истакна Ксие, таквата кампања ќе биде спроведена со цел да се зазелени земјата и да се одговори на климатските промени.

Според официјални податоци, шумската покривка и шумскиот фонд во Кина постојано се зголемуваат во последните три децении. Новата површина под шуми во Кина во тој период изнесувала повеќе од 25 отсто од вкупната површина во светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.