Кина на Унгарија авионски ѝ испрати пратка со три милиони маски, 100.000 тестови за корона вирусот и 86 респиратори.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан лично ја пречека пратката која слета на аеродромот во Будимпешта од Шангај. Ова е една од 10-те вакви пратки кои се планирани во периодот што доаѓа.


Унгарија има над 180 потврдени случаи на вирусот, со осум смртни случаи досега, а стотина лица се во карантин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.