Кинеското Министерство за трговија (МОФЦОМ) објави во четвртокот дека ќе биде подготвено да направи отстапки, така што преговорите во врска со договорот за инвестиции со Европската унија да бидат финализирани „за една година“.

Од министерството открија дека вкупно осум рунди преговори за билатерален договор за инвестиции меѓу Пекинг и Брисел се извршени во 2020 година досега.

Дискусиите што се водат сега се фокусирани на текстот на договорот и конкретно пристапот до пазарот, објави Пекинг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.