Кина го забрани светскиот сервис на „Би-би-си (BBC World News), јавуваат тамошните државни медиуми.

Ова уследи откако британскиот медиумски регулатор и ја одзеде лиценцата на кинеската CGTN во Британија.

Кинеската национална администрација за радио и телевизија (НРТА) забраната ја соопшти денеска наведувајќи дека извештаите на Би-Би-Си „ги прекршиле барањата – вестите да бидат вистинити и фер, и поради прекршувањата им штетат на националните интереси на Кина и го нарушуваат националното единство на Кина“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.