Во последните 24 часа во Кина не е евидентиран смртен случај од Ковид-19, што е првпат од почетокот на објавување на статистичките податоци.

Новите случаи на зараза во Кина се намалија во однос на претходниот месец. Сепак, земјата се соочува со втор бран случаи на инфекција донесена од странство, што според здравствените власти достигна околу 1000 случаи.

Во последните 24 часа, пријавени се само 32 случаи на инфекција, сите кај лица кои се враќаат од странство. Уште 12 сомнителни случаи се под надзор, како и 30 асимптоматски случаи.

Во Кина, во моментов има 1242 активни случаи на коронавирус, како и 1033 асимптоматски пациенти, кои се ставени во изолација и надзор. Од вкупно 81.740 случаи во Кина, 3031 лица починаа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.