Cеверна Кореја во декември одбележува 10 години од доаѓањето на власт на претседателот Ким Џонг-ун, поради што тој издаде наредба со која им забранува на граѓаните да се смеат во тек на 11 дена.

Причина за таквата одлука на Ким Џонг-ун е тоа што освен јубилејот од неговото доаѓање на власт, годишницата се поклопува и со 10-годишнината од смртта на неговиот татко и претходник на лидерската позицијата во власта, Ким Џонг-ил. Затоа, севернокорејскиот лидер одлучи да прогласи долготрајна жалост во земјата.

Одлуката им забранува на жителите на Cеверна Кореја да покажат каков било знак на радост додека трае овој период на тага, но нема да смеат ниту да пијат алкохол ни да имаат какви било релаксирачки активности коишто може да предивикаат амбиент на добро расположение или прослава.

Вакви периоди на тага имало и во претходните години, но тогаш беа со траење од „само“ една недела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.