Дигиталниот Ковид сертификат е мерка за заштита на јавното здравје, не го поставуваме како привилегија на вакцинираните или казна, истакна грчкиот министер за здравство, Василис Кикиљас, за време на Самитот на ЕУ во Луксембург. Кикиљас на состанокот со неговите колеги од земјите- членки на Унијата, рекол дека во изминатиот период се покажа дека справувањето со пандемијата е ефикасно, само кога напорите се заеднички и координирани.

Во Грција,пак, Комисијата на епидемиолози во текот на денешниот ден се очекува да одржи состанок на кој ќе се разгледа епидемиолошката слика во земјата и евентуално ќе предложи дополнителни олабавувања на мерките.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.