Француската полиција во растерала стотина лица од оргии во Париз поради ​​кршење на епидемиолошките мерки.

Полициски службеници упаднале во магацин во предградие на Париз откако добиле дојави за собир на голем број мажи и жени на „забава“.

Настанот го прекрши полицискиот час и имаше проблеми со заштитни маски и социјално растојание. Актерите соработуваа со полицијата и никој не пружаше отпор – изјавил полициски портпарол.

Три лица за кои се веруваше дека се организатори на блудната забава биле уапсени веднаш по претресот, а околу сто лица се казнети за непочитувањена мерките.

Запленета е опрема за звук и опрема за осветлување, како и поголемо количество алкохол.

Од Судот издале препорака за луѓето присутни на забавата да се одржи предавање за основите на сексуалното образование поврзано со ширењето на вирусот.

Оргиите за возрасни се легални во Франција, но шансите за зараза со Ковид-19 за време на секс се огромни. Корона вирусот се пренесува со респираторни капки, па затоа бакнувањето со заразено лице е голем ризик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.