Катедралата Нотр Дам во Париз, која пред две години беше сериозно оштетена во пожар, повторно ќе биде отворена за посетителите во 2024 година.

Француската министерка за култура Розелин Бачело, соопшти дека биле собрани 833 милиони евра преку јавна акција, што се доволно средства за реконструкција на катедралата.

Министерката, точно две години по пожарот кој делумно го уништи објектот, ќе замине на градилиштето заедно со францускиот претседател Емануел Макрон, кој тогаш побара катедралата да се обнови во рок од пет години.

Пожарот во катедралата Нотр Дам избувна ноќта на 15 април 2019 година. Во пламените јазици се урна кулата, а голем дел од покривот беше уништен, но пожарникарите успеаја да го зачуваат овој грандиозен средновековен објект, што се смета за ремек-дело на готската уметност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.