Германски суд осуди 67-годишен електричар на 8,5 години затвор затоа што кастрирал неколку мажи по нивно барање.

Суд во Минхен го осуди човекот за тежок и опасен напад, а тој првично бил обвинет за убиство од небрежност, поради смртта на еден од кастрираните мажи како последица на таа операција.

Обвинетиот пред судот признал дека нудел кастрации на садо-мазохистички сајтови, наведувајќи дека неколку мажи му платиле да ги измачува и да им ги отстрани тестисите.

Операциите ги извршил на неговата кујнска маса во местото Маркт Швабен, а на жртвите им кажувал дека е обучен медицински експерт.

Тој изјави дека од јули 2018 до март 2020 година кастрирал или делумно им ги ампутирал гениталиите на осум мажи, но негираше одговорност за смртта на еден од нив, кој почина неколку дена по операцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.