Училиштата за Самба во Рио де Жанеиро одлучија да го одложат напознатиот карневал на светот, поради пандемијата на корона вирусот. Оваа бразилска традиција требаше да се одржи во февруари 2021 година, но засега нема нов датум за карневалот.

Како што велат од самба училиштето „Лиеса“, одржувањето на карневалот ќе зависи од вакцината.

Многу е тешко да се има карневал без вакцина. Нема шанси карневалот да се одржи во небезбедни услови… Сепак, свеченоста ќе може да се одложи најдоцна до јануари 2022 година, за да не се наруши следниот карневал – вели претседателот на Лиеса, Жорже Кастањеира.

Вообичаено, 13 бразилски училишта за самба дефилираат за време на карневалот на Самбодромот пред околу 90.000 жители на Рио, но и пред многу туристи од целиот свет. Датумот се менува секоја година во зависност од римокатоличките големи пости.

Првиот случај на корона вирус во Бразил беше регистриран на 26 февруари, еден ден по крајот на овогодинешниот карневал.

Натпреварувачката традиција своите почетоци ги има во 1930-тите. До тогаш, карневалот се одржувал на улица.

Последен пат свеченоста беше одложена за два месеци во 1912 година поради смртта на тогашниот министер за надворешни работи. Во Втората светска војна, прославите беа откажани.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.