Поранешниот шведски премиер и меѓународен посредник за Балканот Карл Билд предупреди дека регионалната стабилноста е загрозена откако Франција, но и Холандија и Данска се спротиставиле на отворањето преговори со Македонија и Албанија.

Ова не е мала работа! Со блокирањето на почетокот на преговорите за Балканот, Франција, Холандија и Данска не само што ги прекршија своите претходно преземени обврски туку и ја оставија ЕУ без сериозен стратегиски пристап кон овој важен регион. Кој ќе ги собере остатоците сега, порачува Билд, во порака која навестува обид за влијание на други сили како Русија или Кина во регионот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.