Шпанската влада објави дека е подготвена да разговара со опозицијата за воведување полициски час во борбата против корона вирусот и таа мерка може да се воведе во пошироката област на Мадрид, која беше сериозно погодена од епидемијата на вирусот.

Полициски час е во сила во Словенија од синоќа, а во Ломбардија од утре.

Франција, Белгија, Словенија и некои области во Италија неодамна најавија воведување полициски час или ноќен карантин со цел да се намалат активностите на населението и со тоа да се забави ширењето на инфекцијата.

Босна и Херцеговина бележи рекорден број на заразени, 718 лица.

Чешка очекува вонредно натамошно интензивирање на мерките за борба против пандемијата со Ковид-19, која не стивнува, а Владата денеска ќе одржи вонредна седница на која ќе се донесе одлука за нови мерки. Нов рекорд од 11.984 новозаразени со вирусот корона беше поставен во вторникот, додека починаа 42 лица.

Во Бугарија, втор ден по ред, е забележан рекорден број на новоинфицирани со корона вирус, со нови 1.336 случаи, 312 повеќе од претходниот ден, според официјалната веб-страница за следење на епидемијата.

Во Бразил, во последните 24 часа се регистрирани 23.227 нови случаи на коронавирус, додека починале 661 лице.

Од почетокот на пандемијата, повеќе од 41 милион луѓе починале од коронавирус во светот, 30 милиони се излечиле, а еден милион и 123 илјади луѓе починале.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.