Поранешната кандидатка за претседател на Белорусија, Светлана Тихановскаја, која не ги призна изборните резултати, изјави дека е подготвена да ја предводи земјата „во преодниот период“.

По притисокот и протестите, неизбежно треба да започне период на дијалог.

– Многу луѓе ме прашуваат дали сум подготвен да бидам лидер на народот во овој момент. Да!, категорично одговори опозиционерката.

Во официјална видео порака објавена денеска од нејзината прес-служба, Тихановскаја истакна дека е подготвена да го преземе раководството на земјата за време на транзицијата

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.