Канцеларијата на ОН за човекови права денеска повика на итно ослободување на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој беше приведен во полициска станица по враќањето во Русија од Германија, каде се лекуваше откако беше отруен со „новичок“ минатата година.

„Длабоко сме погодени од апсењето на Алексеј Навални и бараме негово итно ослободување и почитување на неговите права во согласност со владеењето на правото“, објави на Твитер Канцеларијата на ОН за човекови права, со седиште во Женева.

Распитот на Навални почна денеска во градот Химки, близу Москва, објави портпаролката на судот Кира Јармуш на Твитер. Според соработник на Навални, руските државни обвинители побарале од Судот да му се одреди притвор од 30 денови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.