Висок претставник на регулаторот за здравство во Канада најави дека земјата најверојатно ќе ја одобри употребата на вакцината на „Фајзер“ во декември, во исто време како и САД и Европската Унија.

Канаѓаните претходно соопштија дека би можело да ја одобрат вакцината на „Фајзер“ во првиот квартал од 2021 година, но поради итноста на ситуацијата, процесот ќе биде забрзан, слично како и во САД.

Според оценки на канадските здравствени експерти, вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ е најнапредната од сите што се појавија на пазарот. Мислам дека треба да се очекува дека ќе ја одобриме вакцината во декември, првите пратки може да пристигнат во јануари, во најдобра варијанта, и тоа се проценките што можам да ви ги кажам сега – изјави Суприја Шарма, висока функционерка во Министерството за здравство на Канада.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.