Возачот на камион е идентификуван во Холандија, но денеска се уште е во бегство , соопшти вечерва обвинителството во Лијеж , кое ја води истрагата.

Со помош на регистерските таблички на камионот , кои ги посочиле сведоците ,полицијата влегла во трага на компанија од Тилбург , во Холандија, од каде го идентификувале возачот.

По него е издадена европска потерница. Не е можно возачот да не го видел двете лица , кои се обидувале да го спречат камиониот да помине.

Драмата се случила на автопатот Е25 во местото Визе во насока кон Мастрихт. наместо да запре , камионот забрзал и го прегазил 49 годишниот демонстрант Роже Бароле.

,,Роже му викаше застани , застани , но возачот забрза и го прегази. Тоа е убиство.” вели жена која била очевидец на местото во изјава за белгиските медиуми.

Ова е прв смртен случај на белгиски ,,Жолти елеци” од почетокот на протестите кон средината на ноември минатата година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.