Потпретседателката на САД, Камала Харис, во интервју за телевизијата „Си-би-ес“ истакна дека САД нема повеќе да бидат пример за успешна демократија кај другите земји во светот доколку не можат да спроведат реформи на своето избирачко право.

Според Харис, луѓето од целиот свет, во САД гледаат модел за „способноста на соживот на демократијата со економската сила и моќ“. Притоа, потпретседателката истакна дека таквата состојба во земјата може да биде разнишана, ако во Конгресот не биде усвоен нацрт-законот за реформи на избирачкото право.

Може да не снема од картата што не покажува како пример што го следат останатите, ако дозволиме да се урне еден од најважните столбови на демократијата, а тоа се слободните и фер избори – изјави Харис.

Таа истакна дека за многу Американци овој проблем не е важно прашање, иако, според неа, треба да биде.

Претседателот Џо Бајден во повеќе наврати претходно ги критикуваше сенаторите републиканци поради тоа што неколку пати (во јуни и октомври годинава) ја блокираа иницијативата за реформа на некои делови од регулативата на изборниот систем на САД.

Овој закон е одобрен од Претставничкиот дом уште во март. Тој, меѓудругото, предвидува проширување на можноста за регистрација на избирачите, гласање по пошта и предвремено гласање.

Претседателските и конгресните избори во САД се одржаа лани на 3 ноември. Во услови на пандемија, гласачките ливчиња можеше да бидат порачани по пошта, да се гласа дома и да бидат испратени до изборните комисии.

Републиканците и поранешниот претседател Доналд Трамп, кој на функцијата се наоѓаше до јануари годинава, се против либерализација на изборните права поради наводни можности од фалсификација. Некои републиканци и Трамп сè уште се повикуваат на тоа дека на изборите лани имало нарушувања и не ги признаваат резултатите и победата на Бајден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.